Најнови Вести
ПРИНЦИПИ НА ГЛАС
-
Името на нашата држава е Република Македонија!
- Република Македонија ќе го врати својот суверенитет!
-
Македонија – држава која инвестира и го штити во секој свој граѓанин!
-
Македонскиот народ е државотворен, затоа ќе го вратиме Манифестот на АСНОМ во преамбулата на Уставот!
-
Македонскиот јазик е единствен официјален јазик на територијата на Република Македонија!
-
Раскинување на Преспанскиот и договорот со Бугарија, како дискриминирачки и нереципрочни донесени спротивно на вољата и определбите на македонскиот народ!
-
Меѓународните договори и сојузи да се склучуваат и поништуваат исклучиво врз основа на националните интереси на Република Македонија, потврдени на референдум!
-
Забрана за учество во политиката и во јавниот живот на поединци кои имале или имаат криминално досие, и оние кои учествувале во активности кои ги довеле во опасност или во подредена положба националните интереси на Македонија и нивните наследници!
-
Политичките партии да не се основаат врз етничка или верска припадност!
-
Промена на политичкиот систем – воведување на принцип на отповикување на вршителите на јавни функции!
-
Задолжителен референдум за отповикување на влада и секоја уставна измена!
-
Политичар – тоа не е професија. Воспоставување на практика на политика со минимални трошоци (“zero‐cost politics”)!
-
Системско спречување на корупцијата!
-
Носење на закон за потекло на имот и закон за конфискација на нелегално стекнат имот!
-
Системска работа на развивање на свест за „Oпштествено корисни и одговорни граѓани”!
-
Развој и инвестирање во националната економија е врвен национален интерес. Напуштање на неолибералниот концепт во економијата како единствен принцип!
-
Македонија и дијаспората се едно – активна соработка и инвестиции во интерес на татковината!
-
Ќе ја вратиме грижата за македонското малцинство во соседните земји и во дијаспората, која ќе биде обврска загарантирана со Уставот!