Бедни мерки од бедна влада!

Глас за Македонија смета дека владиниот пакет антикризни мерки е задоцнет и недоволен бидејќи не се опфатени работниците, а финансиската помош е премала и незначителна! Владата уште еднаш покажа дека нема слух за барањата на работниците и за нивните потреби. Работниците се оставени на цедило, сами да се справуваат со енергетската и економската криза, додека инфлацијата ги “јаде” нивните плати. Глас за Македонија бара владата да донесе итни мерки, како што се:

  1. Давање платежни картички за купување домашни производи;
  2. Директно субвенционирање на сметките за струја;
  3. Итно да се замрзнат цените на основните прехранбени производи!

Овие мерки директно ќе им помогнат на над сто илјади работници, кои се најтешко погодени од кризата бидејќи се со минимални месечни примања, со што овие работници и нивните семејства не можат да го преживеат месецот! Наводната “социјал-демократска” влада има одговорност и обврска да ги исполни барањата на работниците кои се на работ на егзистенција поради погрешните и сервилни политики на власта!