Почитувани,
Глас за Македонија најостро ја осудува објавата на градоначалникот на Тетово, Билал Касами, кој преку социјалните мрежи предизвика голем револт не само кај Македонците, туку и кај сите етникуми кои живеат на територијата на Република Македонија.
Касами денес објави слика, каде тој и неговите блиски соработници се сликани пред Шарената џамија во Тетово. Описот на сликата е насловен со зборовите „Добредојдовте во главниот град на Албанците во Северна Македонија!“.
Го потсетуваме Касами, дека Тетово е главен град, но не на Албанците, туку е главен град на загаден воздух, град во која има егзодус на иселување, секојдневно се иселуваат младите од сите националности, главен град на мафијата и град во кој не важат законите на Република Македонија.
Впрочем, тој треба да знае дека на локалните избори поддршка доби од одреден процент на гласачи од македонскиот блок, кој сакаа и веруваа во промени. Касами со национална реторика и поделби може да дојде до некои ситни политички поени, но тој треба да знае дека е градоналачник на сите граѓани кои живеат во Тетово.
Се надеваме дека странските амбасади, поготово онаа од ,,калето” ќе го осуди градоначалникот на Тетово за ваквиот националистички чин, кој само ги подгрева апетитите на некои албански функционери за Голема Албанија.