“Глас за Македонија” со подршка на ФК “Вардар”
22/07/2023
Политичката партија Глас за Македонија преку својот советник во Советот на Град Скопје, Филип Јанески, ја поддржа иницијативата за обезбедување финансиска и институционална поддршка за ФК Вардар, предложена од советникот, проф. д-р Никола Пановски. Како партија, секогаш даваме зелено светло за добрите проекти во Скопје, поднесуваме иницијативи, поддржуваме иницијативи, даваме предлози и критичко мислење за подобро утро на граѓаните на македонскиот главен град. ФК Вардар како македонски бренд не треба да влезе во уште поголема криза, напротив, треба сите, без разлика на политичка припадност, да го поддржиме. Вардар е симбол на Скопје и клуб кој даде многу за македонскиот фудбал. Оваа иницијатива беше поддржана со 34 „за“ и 1 „против“ на вчерашната седница на Советот.