КУЛТУРЕН ЦЕНТАР ЗА ДЕЦА И МЛАДИ

ГЛАС ЗА МАКЕДОНИЈА ГЕНЕРАЦИИТЕ ШТО РАСТАТ ОБВРСКА И ПРЕДИЗВИК – УНИВЕРЗАЛНАТА САЛА ДА СТАНЕ КУЛТУРЕН ЦЕНТАР ЗА ДЕЦА И МЛАДИ

М-р Татјана Гогоска

Еден од најважните сегменти на секоја држава е да создаде услови за здрав, непречен и сеопфатен развој на младата генерација. Децата и младите треба да ги имаат сите услови да израснат во здрави, социјални и образовани млади личности кои понатаму ќе чекорат низ професионалниот и приватниот живот зрело.

Тука најголема улога имаат образованието и воспитанието на младите, поттикнување во позитивна насока на нивниот социјален живот, обезбедување на предуслови во рамки на здраствениот систем, медиумска писменост, спортски активности и овозможување на културен развој од најрана возраст.

За жал општествениот систем во Македонија во овие 30 т.е. посебно во последните 15 години создаде генерации кои се сиромашни во многу нешта, а најмногу во неоформеното обазование кое претрпе големи негативни промени на штета на децата и младите а пак за културата и развој на културните вредности државата одвојуваше со децении едвај 5% од вкупните средства предвидени за култура низ годините, што е далеку од доволно.

Во меѓувреме згаснаа 80% од Центрите што беа наменети за деца а тие што останаа се со намалени активности. Се отвараа и затвараа многу приватни центри за деца и млади за нивно: драмско, литературно, музичко, ликовно или спортско дообразование и изградување на нивните млади личности, но без некоја трајна реална вредност и функционирање.

Освен некои ад хок активности во оваа насока, се е стихијно и недоволно. А ние како Партија се залагаме и сакаме да создадеме услови за да изградиме млади генерации со пристојни културни, образовни и медиумски вредности.

Деновиве повторно јавноста е разбранувана од информацијата за рушење на „фамозната“ Универзална сака, објект кој со децении е заштитен знак на Скопје, објект кој функционираше на сите нивоа во областите кои се потребни и за децата и младите. Универзалната сала отсекогаш била центарот на сите важни случувања во Скопје, Македонија, поранешните СФРЈ простори и Балканот.

Пред четири години кога Универзална сала го славеше 50 годишниот јубилеј, излегоа и податоците дека се направени 5700 манифестации со 8,5 милиони посетители.

Глас за Македонија ја подржува иницијативата на група граѓани кои сметаат дека рушењето на Универзалната сала не оди никому во прилог, а предлогот на Асоцијацијата на архитекти да се сруши и тука да се направи парк е неоснована. Тие се сомневаат во позадинската намера на овој предлог, затоа што ако се сруши ќе изникнат згради а од друга страна објектот Универзална сала со соодветна санација може да стане виситнски Креативен дом за децата и младите.

Град Скопје, редно е да се позанимава посериозно со објектот Универзална сала, да повика стручни лица од сите области и сеиозно да ја разгледа иницијативата тој објект со содветна санација да стане Културен центар за младите генерации.

Глас за Македонија секогаш ги подржува и понатаму ќе ги подржува сите позитивни иницијативи кои се однесуваат за младите генерации кои се наша и обврска и предизвик.