Глас за Македонија најостро се спротивставува на најавеното намалување на платите на вработените во јавниот сектор! Вработените во јавниот сектор, кои одат на работа и ги извршуваат своите работни обврски професионално, не смеат да бидат жртви и со нив да се покрива неспособноста на владата! Со ваквиот потег владата ги крши сите права на работниците, како и Уставот, законите и сите конвенции кои ги има потпишано Република Македонија!
Глас за Македонија бара, наместо да се намалуваат платите на вработените во јавниот сектор, да се избркаат од работа сите лица кои не доаѓаат на работа и земаат плата! Доколку владата е искрена во своите намери за консолидирање и поуспешно менаџирање на јавните претпријатија, веднаш да им се прекине работниот однос на сите лица кои не доаѓаат на работа, од кои најголем дел се од Министерството за политички систем! Истото да го сторат и сите единици на локалната самоуправа, како и јавните претпријатија и установи кои се под ингеренција на локалната власт!