Глас на Млади

Глас на Млади во хуманитарна акција во Прилеп!

По објавата на “Срце на дланка” за малиот Петар и за неговото семејство, кое живее во тешки услови, подмладокот на Глас за Македонија со мал знак на внимание, за момент предизвика насмевка кај семејството од […]

Прочитај

Младите се средишна точка на интересот на секое функционално општество. Квалитетот

на нивното воспитување и образование се прашање не само на одговорност на граѓаните

за сопствената иднина туку и прашање на самиот опстанок на општеството.

Во услови кога светот стана глобално село во буквална смисла и информациите се на

дофат на рака а Македонија е една од ретките земји каде интернетот е помалку или повеќе достапен за сите, нашите млади сеуштe се како вкочанети пред овие ”бесконечни

можности”. Македонското општество во целина – потфрла во процесот на индивидуален

рзвој на личности кои ќе бидат во состојба да ги артикулираат своите потреби, а потоа и да бараат решенија за нивно остварување.

 

ЛИЧНОСТИ КОИ ИМААТ ГЛАС

Наместо да произведува креативни, вредни и активни индивидуи кои работејќи на

сопствениот но и општествениот напредок ќе станат релевантни ”играчи”, македонското

општество ги пасивизира, деморализира и демотивира младите. Недозволиво е што

младите наместо со идеалот “ќе го променам светот” живеат со мантратa „да избегам од

овде”.

Младите немаат никаква вина за оваа состојба. Недостасува систем на вредности кој преку

работа, воспитување и фер игра ќе му помогне на младиот човек да се оствари и потврди

како личност. Личност која заслужува да и ја довериш – дури и својта иднина.

Проектите на „ГЛАС НА МЛАДИ” предвидуваат активности кои се усмерени кон младите

од средните училишта и студентите. Целта е да се покренат самоодржливи општествено

корисни проекти кои ќе и овозможат на оваа целна група да се вклучи во реализацијата, но

и во осмислувањето.

Проектите на ГЛАС ЗА МЛАДИ ќе овозможат услови за доброволна работа и креативен

ангажман, соработка и функционирање во група. Да се научи што значи да бидеш лидер и

што значи да си дел од тим. Што значи да превземаш одговорност, да вложуваш време и

енергија и тимски да оствариш цел.

Ќе ги мобилизираме сите општествени и приватни субјекти да им ги отворат вратите на младите и да им пружат шанса за општествено корисна работа и туторство.

 

ПОТТИКНУВАЊЕ НА ОПШТЕСТВЕНО КОРИСНА РАБОТА

ЦЕЛНИ ГРУПИ

Помош на родители на лица со попреченост, сениори, ученици, социјално ранливи групи – сите на кои им е поребна сеојдневна помош на долг рок.

ПРОЕКТИ

Примери: Сервис за помош на стари лица; сервис за помош на родители на лица со попреченост; собирање облека и покуќнина и создавање на центар каде ќе може да се разделуваат собраните работи; Храна од маркетите и рестораните до сиромашните семејства (ова е поврзано со тој центар). Постојано собирање средства за сиромашни семејства, одржување на сајтот ПРОФЕСОР (интернет платформа за помош во настава), работилници за изработки кои би се продавале (покани за свадби, сувенири, накит, украси за Нова година и сл). Изработка и одржување на веб страна за продавање на изработките; Организирање донаторски акции за прибирање средства кои ќе се донираат на институции кои имаат потреба.

Пермакултура – постојан проект за садење на самоодржливо зеленило на сите расположиви места – кровови од згради, запуштени ќошиња од градското зеленило. Маалска зеленчукова градина на земјиште кое ќе го отстапува општината. Садење на мали зеленчукови градини во соработка со општините, Куќните совети, училиштата, градинките. Зеленчукот се продава за да се соберат средства за одржување на градините или се употребуваат во Народни кујни.

НАЧИН НА РЕАЛИЗАЦИЈА

Секој проект има Стручен соработник и координатор. Тие треба да го осмислат проектот, да побараат помош за негова реализација во форма на средства, простор и институција која би пружила поддршка.

Објавуваат повик за учество и ги организираат пријавените во тим.

Тимот потоа сам го тера проектот со нивно водство и надзор. Координаторот издава потврди за остварените работни часови. Секој учесник добива кредити за остварените работни часови. Убаво би било кога стручните училишта би биле вклучени во соодветни проекти. На пример Средно медицинско за стари лица, Лазар Танев со организација на настани, средно уметничко со продажни изложби.

ВКЛУЧУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ ОД УЧИЛИШТАТА

Потребна е поддршка од локалните власти за пристап до училиштата каде учениците ќе бидат поттикнувани да се вклучат. Кредитите добиени со општествено корисна работа треба да се впишуваат во сведителствата. Секој ученик мора да биде вклучен. Проектите може да траат и постојано, а пријавените имаат минимум број на часови кои треба да ги остварат.

Координаторот организира промоција на проектот, извештај за работата и јавна промоција на најуспешните учесници.