Претседател
Проф. Д-р. Солза Грчева
Претседател
Проф. Д-р. Солза Грчева
Претседателство
Проф. Д-р. Наташа Котлар-Трајкова
Потпретседател
Проф. Д-р. Наташа Котлар-Трајкова
Проф. д-р Наташа Котлар-Трајкова е родена на 24.3.1966 г., во Скопје. Таа е
научен советник/редовен професор во Институтот за национална историја –
Скопје. Се образувала во родниот град и дипломирала (1991) со одличен
успех на Филозофскиот факултет – група Историја, при Универзитетот „Свети
Кирил и Методиј“ во Скопје. Во 1993 г. се вработува во Институтот за
национална историја (ИНИ), каде што магистрира и докторира. Таа е автор на
неколку монографии и повеќе научни трудови од областа на историјата на
македонскиот народ. Настапувала на голем број научни собири во земјата и
во странство. Учествала во реализација на неколку домашни и странски
научно-историски проекти, како и во наставниот процес на додипломските
студии на студиската програма Историја со археологија на Државниот
универзитет во Штип – „Гоце Делчев“ (2011/12–2013/14) и на вториот и на
третиот циклус студии при Институтот за национална историја. Нејзина
специјалност е компаративната историја, конкретно, проучување на
македонската историја во балкански и во европски контекст во периодот на
XIX и почетокот на XX век. Потесен интерес на работа ѝ се македонското
преродбенско и револуционерно движење и македонското прашање.
Учествувала на бројни телевизиски и радиски емисии, а се истакнува и
како автор на популарни текстови со историска содржина и колумни во
неколку печатени и електронски медиуми. Говори англиски јазик, а се служи и
со германски, италијански, руски, бугарски и други јазици.
Проф. д-р Наташа Котлар-Трајкова е политички и општествено активна.
На локалните избори (2021), таа учествувала како кандидат за градоначалник
на Општина „Центар“, од партијата „Глас за Македонија“, поддржана од
ВМРО-ДПМНЕ и здружената коалиција. Котлар-Трајкова е основач и прв
претседател на Македонското здружение на родители за борба против ракот и
леукемијата кај децата „ПЕПЕРУТКА“ (2004–2011). Била и претседател на
Здружението на историчарите на Република Македонија–ЗИРМ (2011–2018).
Таа е еден од основачите на партијата „Глас за Македонија“ и е нејзин
потпретседател од 2018 г.
М-р. Влатко Зафирковски
Генерален Секретар
М-р. Влатко Зафирковски
Филип Јаневски
Член
Филип Јаневски
М-р. Сашо Смилевски
Секретар за материјално и финансиско работење
М-р. Сашо Смилевски
Проф. Д-р. Лидија Горачинова-Илиева
Член
Проф. Д-р. Лидија Горачинова-Илиева
М-р. Адриана Богдановска-Тоскиќ
Член
М-р. Адриана Богдановска-Тоскиќ
М-р. Соња Ангелевска-Колева
Член
М-р. Соња Ангелевска-Колева
М-р. Татјана Гогоска
Член