Во распаѓањето на општеството во сите сегменти , полека се распадна и информативниот систем,со двата вклучни чинители во него, слобдата на медиумите и уништување на достоинството на новинарите.
Најнапред почна со растурањето и уништувањето на Јавниот сервис МРТ , кој наместо Јавен сервис во овие 30 години стана Сервис на владеачката политичка гарнитура и за жал се спроведе целта, најнапред нејзино кадровско уништување, потоа укинување на продукцискиот дел и сведување на диригирано емитување на информации од тековните владеачки гарнитури. Така Државата доби слаб Јавен сервис ,чија гледаност е минимална а воопшто не соодвествува на функцијата Јавен сервис на граѓаните.
Во продукцискиот дел и покрај комплетната техничка опременост на МРТ, стана само преносител на лични интереси на раководните структури на некои продукции блиски до нив и власта, кои продуцираат програми и Јавниот сервис само ги емитува.
Такват слика ја има и во националните,регионалните и приватните телевизии кои се преносители на волј ата и интересите на олигарсите и тајкуните во чија власт се.
Слична е состојбата во националните радија и печатените медиуми кои за жал исчезнаа во текот на овие години.
Сето тоа ја доведе слободата на медиумите под прашање а со тоа остварувањето на главната цел: „точно, навремено информирање во интерес на вистината и граѓаните”.
Паралелно се уништи и професијата НОВИНАР. Достоинството и професионалноста се изгубија патем со обезвреднување на оваа професија што доведе до осиромашеност на новинарската фела а тоа до можности за манипулации во интерес на преживување на истите.
Најдобро во ова обезвреднување на медиумите и новинарите поминаа т.н. новинарски рекетари, кои во интерес на личен профит со децении ја манипулираат јавноста, шират лаги и омраза, се во интерес на одбрана на нечии партиски или економски интереси.
Така, Медиумите во Македонија станаа само лажен приказ на нашата реалност а новинарите безлични преносители на таа слика. Поставени во подредена положба на политичките олигарси и криминални моќници, го изгубија своето значење а со тоа и смислата за постоење.
Она што поразува е се почестото обезвреднување, напади и ширење на омраза меѓу самите новинари. Се чини дека се создадоа генерации кои ни малку не ги почитуваат новинарските етички норми што дополнително дава простор на политичките олигарси и криминални моќници да манипулираат со нив а оттаму со јавноста.
Едно е сигурно дека во сите промени што мора да се случат во општеството ,мора да се случат и во медиумите и новинарската професија. Неопходно е да се врати слободата на медиумите и достоинството на професијата новинар.
„Глас за Македонија” како Политичка партија, решена е низ законска рамка еднаш засекогаш да го промени однесувањето и ставот на политичарите, креаторите на јавното мислење и центрите на моќ кои ја избегнуваат својата одговорност за транспарентно и отчетно однесување кон јавноста.
Жртви на таквото однесување со новинарите и нивната веќе бездостоинствена професија.
Глас за Македонија , ја подржува глобалната кампања на УНЕСКО „Новинарство без страв или наклонетост“ чија цел е подигнување на свеста за прашања поврзани со безбедноста на новинарите нивната независност од политичко или комерцијално влијание и родова еднаквост.
Нашите заложби ќе одат во таа единствена насока, со желба и цел да создадеме општество со слободни медиуми а професијата новинар да си го врати достоинството и да не биде предмет за манипулација на поединци или групи.
М-р Татјана Гогоска
новинар и комуниколог