Придружите ни се во заедничкиот протест!

ГЛАС ЗА МАКЕДОНИЈА се вклучува активно, но и со присуство на протестите против Владата и нејзините политики на слабеење на македонското народно јадро. Стратегијата на на актуелната власт на жртвување националните интереси, доведе до целосен пораз на нејзината надворешна и внатрешна политика, . Но, затоа е сè поголем здружениот отпор и влијание. Овој народен отпор е сè поголем, бидејќи се вклучуваат луѓе од различни определби и дејности – политички партии, интелектуалци, духовници, научници, работници и други. Оваа здружена манифестација на немирење е реакција против актуелниот политички врв во државата кој подлегнува на туѓите притисоци и не ги почитува националните вредности, тргувајќи со нив. Исто така, сме против бугарското негирањето на македонската историја, на македонскиот јазик, на македонското културно наследство и на македонскиот национален идентитет. Ова пак, е во спротивност и со вредностите и со принципите на кои е изградена и функционира Европската Унија.

Време е да се стави крај на ова лудило, пред да биде предоцна!

Затоа, Ве повикуваме, утре да ни се придружите во заедничкиот протест!

Утре, сабота (05.12.2020 г.) протестот во Скопје, ќе биде пред Владата во 13 ч., а поаѓањето од СЦ „Борис Трајковски“ и СЦ „Јане Сандански“ ќе биде во 12:30 ч.