Глас на Млади во хуманитарна акција во Прилеп!

По објавата на “Срце на дланка” за малиот Петар и за неговото семејство, кое живее во тешки услови, подмладокот на Глас за Македонија со мал знак на внимание, за момент предизвика насмевка кај семејството од Прилеп. Ние, како млади личности секогаш ќе организираме хуманитарни акции и ќе помагаме онаму каде што ќе биде најпотребно. Грижата за нашите сограѓани е и наша обврска како политичка партија.